Данскиот репрезентативен голман Кевин Мелер идното лето ќе го напушти германскиот Фленсбург една сезона пред истек на договорот и ќе се врати во татковината откако потпиша со ГОГ Гудме до 2030 година.
Левото крило на словенечката репрезентација и на Гумерсбах, Тилен Кодрин, ја продолжи соработката со бундеслигашот за уште две сезони, па ќе остане во тимот на Гудјон Валур Сигурдсон најмалку до 2028 година.
Швајцарскиот шампион Кадетен Шафхаузен го задржа најдобриот стрелец – Исланаѓанецот Один Тор Рикардсон за следните четири сезони, па „рибарот“ ќе остане во овој клуб најмалку до 2030 година.
Левиот бек на Колстад и норвешката репрезентација, Симен Лисе, би можел да си замине од овој клуб идното лето. Според „RTHandball“, Лисе е прв пик на Фуксе Берлин како замена за Ласе Андерсон кој ќе се врати во Данска.