- Поранешниот ракометар на Вардар, Хорхе Македа, го продолжи договорот со францускиот Нант за уште една сезона и ќе остане најмалку до 2025 година. По заминувањето од Скопје тој играше за унгарските ПИК Сегед и Веспрем.
- Левото крило Бјарки Мар Елисон, кое дојде како замена за Дејан Манасков во Веспрем ја продолжи соработката со унгарскиот гигант до 2026 година. Тој игра во тандем со францускиот репрезентативец Уго Деска.
- Левиот бек на ГОГ Гудме, Арон Менсинг, кој игра во одлична форма оваа сезона, се враќа во Бундес лигата и ќе го облече дресот на Мелсунген од лето. Договоророт меѓу екс играчот на Фленсбург и тимот предводен од Роберто Парондо е до 2027 година.
- Шведскиот репрезентативец Оскар Бергендал, ја продолжи соработката со европскиот шампион Магдебург за уште две сезони. Кружниот напаѓач ќе остане во бундеслигашот најмалку до летото 2026 година.
- Кружниот напаѓач Рене Антонсен останува верен на данскиот вицепрвак Алборг и ќе ги брани боите на тимот и во следните три сезони. Тој ќе остане во дрим-тимот со Хансен и Ландин најмалку до 2027 година.