ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Брновиќ во ЧСМ Букурешт, Кутел се враќа во Шафхаузен, Јањушевиќ си оди од Рапид

  • Иако се поврзуваше со најдобрите бундеслигаши, германскиот репрезентативен голман од Вецлар, Тил Климпке потпиша за данскиот второлигаш ХОЈ до 2027. Таму игра Ханс Линдберг, а на лето доаѓа и левото крило Хампус Ване.
  • Кружниот напаѓач на црногорската репрезентација, Татјана Брновиќ, од лето ќе го облече дресот на романскиот ЧСМ Букурешт, со кој потпиша на две сезони. Брновиќ сега игра во Крим, а претходно беше дел од Будуќност и Брест Бретањ.
  • Десниот бек на Србија и на Рапид Букурешт, Анѓела Јањушевиќ, која беше меѓу најдобрите на средбите со Македонија, од лето ќе има нов клуб. Таа останува во Романија и ќе го носи дресот на Дунареа Браила.
  • 31-годишниот десен бек Димитри Кутел на лето ќе си замине од Криенс Луцерн и ќе се врати во шампионот Кадетен Шафхаузен каде настапуваше до 2022 година. Швајцарскиот репрезентативец потпиша до 2027 година.