Словенечкиот интернационалец Дејан Бомбач ја продолжи соработката со бундеслигашот Лајпциг за уште една сезона. Иако Лајпциг најверојатно ќе испадне во Втората лига, сепак средниот бек потпиша нов договор.
Францускиот Нант и кружниот напаѓач Андре Венкегеу потпишаа договор до 2029 година. 19-годишниот пивот потекнува од академијата на Нант, од лето ќе биде вклучен во првиот тим и ова за него е прв професионален договор.
Португалскиот репрезентативец Диого Валерио на крајот на сезоната ќе си замине од грчкиот Олимпијакос и ќе се пресели во Полска. Чуварот на мрежата потпиша договор со тимот на Островија.
Исландскиот репрезентативен пивот Арнар Арнарсон би можел да си замине од Мелсунген, бидејќи на лето таму доаѓа Јоханес Гола. Тој е на мета на Флеснбург, па ако се реализира трансферот, тогаш тоа ќе биде трампа меѓу двата клуба.
Двајцата романски репрезентативци од тимот на Партизан, Ливиу Каба и Габриел Илие, заминуваат на лето од српскиот шампион и се враќаат во татковината каде што ќе играат за тимот на Констанца.