Трансфер бомба во Полска: Лука Степанчиќ доаѓа во Висла Плоцк!

Хрватскиот интернационалец Лука Степанчиќ во следните шест месеци ќе биде ракометар на полскиот првак Висла Плоцк.

Според информациите на „ТВП Спорт“, десниот бек и Висла Плоцк веќе ги договориле деталите и тој до крајот на сезоната ќе ги брани боите на тимот предводен од Чави Сабате.

Степанчиќ летоска беше поврзуван со трансфер во Келце, но тој трансфер не се реализира, па Талант Душебаев се реши за својот сонародник Хорхе Македа.

Хрватскиот десен бек во првиот дел од сезоната ги бранеше боите на Ал Араби од Кувајт, но за кратко време се враќа на европско тло.

Степанчиќ настапуваше за Загреб, беше дел и од ПСЖ и ПИК Сегед.