Трампа на кружните напаѓачи: Тото оди во ПИК Сегед, Габер во Нант

Францускиот тим Нант денеска го потврди најавениот трансфер на словенечкиот репрезентативец Мате Габер.

Кружниот напаѓач кој доаѓа од екипата на ПИК Сегед се обврза на соработка со Нант во следните три сезони, односно до 2027 година.

Ова ќе биде камбек за Габер во Франција, каде своевремено беше член на Монпелје, а настапуваше за Шкофја Лока и Горење Велење.

Во спротивна насока ќе се пресели Жереми Тото. Екс вардарецот не добиваше голема минутажа во Нант, па побара друга средина.

Тој ќе биде дел од ПИК Сегед, со кој се обрвза на договор до летото 2026 и одново ќе игра во Лигата на шампионите каде играше со македонскиот тим.