Според пишувањата на „Билд“, еден од најдобрите голмани Андреас Вулф, сепак, ќе се врати во својата татковина.
Актуелниот член на полскиот шампион Келце ќе се пресели во редовите на Кил, иако за него голем интерес имаше и од Магдебург.
Во спротивна насока би одел Самир Беласен, францускиот репрезентативец би бил замена за Вулф во тимот на Душебаев.
Вулф во сезона 2019/20 токму од редовите на „зебрите“ се пресели во Келце и со полскиот вицепрвак има активен договор до 2028.
Беласен на почетокот на месец септември, 2023 година, го засили бундеслигашот, во кој пристигна да го заменува искусниот Венсан Жерар.
Вигерт за трансферот на Вулф: Пред неколку сезони ќе се смеевме на ова, ама сега…