Трагедија – загина светска вицешампионка на 21 година!

Огромна трагедија ја потресе унгарската ракометна и спортска јавност – загина поранешната светска вицешампионка Софија Доротеја Киш.

Некогашната ракометарка на унгарскиот ЕРД имаше само 21 година, а загина во сообраќајна несреќа.

Веста за трагичната смрт на Киш ја објави нејзиниот поранешен клуб на социјалните мрежи, а многу нејзини симпатизери се простија од големиот талент.

Таа беше членка на ЕРД повеќе од една деценија и ги мина сите младински селекции на клубот, а во сениорскиот тим дебитираше во 2019 година.

Киш играше и за младинските репрезентации на Унгарија, а го освои среброто на Мундијалот за младинки во Словенија во 2022 година.