Во текот на вчерашниот ден се случи трагичен настан во Русија, во која за жал има и жртви. Четири автобуси, од кои три биле полни со навивачи на Виктор Ставропол, се враќале од гостувањето во Краснодар кај екипата на СКИФ.
Еден од автобусите на навивачите се судрил со голем камион, по што избил пожар, а автобусот изгорел за неколку минути.
За среќа навивачите со помош на другите навивачи, ракометарите и стручниот штаб на Виктор Ставропол, успеале да се евакуираат навреме.
Службите на Брзата Помош и Противпожарната служба пристигнале на местото на настанот за пет минути, но жал според информациите од Русија, на повредите им подлегнал возачот на камионот, а осум патници се повредени, од кои три деца.
Од Ракометната федерација на Русија најавија помош за сите инволвирани во сообраќајната несреќа.