Тимот на Битигхајм, каде што брани македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски, слави камбек во Бундес лигата.
На четири кола до крајот на сезоната, Битигхјам е промовиран во старо-нов член на елитното друштво во Германија.
Откако третопласираниот Елбфлоренц загуби и остана на 44 бодови, тоа значи дека 51 за Битигхајм кој е лидер ќе бидат доволни за враќање во Бундес лигата.
Томовски е еден од најзаслужните за овој резултат, двапати се најде и во тимот на колото, а се наоѓа и во ТОП 5 голмани по бројот на интервенции во оваа конкуренција.
























