„Тоа е тоа што имаме – не можеме Карабатиќ да го ставиме во составот”

Хрватската репрезентација денеска го имаше првиот собир пред настапот на домашното СП, но не дојдоа сите планирани ракометари од страна на Дагур Сидурдсон.

Првиот асистент на Дагур Сигурдсон, Денис Шпољариќ, на собирот истакна дека ќе биде извлечен максимумот од секој ракометар.

,,Некои работи ги поставивме преку претходните собири, сакаме да се подобриме, особено во транзицијата. Што се однесува до составот, тоа е тоа што имаме, ние не можеме да го ставиме Никола Карабатиќ во составот и затоа велам, ќе се обидеме да го извлечеме максиумот од секој”, изјави Шпољариќ за „Спортске Јутарњи“.

Првиот пријателски натпревар Хрватите ќе го имаат на 29 декември против Италија, а ќе тестираат против Словенија и Македонија пред СП.

Хрватите во групната фаза ќе играат против репрезентациите на Бахреин, Аргентина и Египет.

Хрватите се собраа – селекторот не се појави на првиот собир, тројца добија „забрана“ да се приклучат…