Тиквеш славеше над црногорскиот шампион!

Амбициозниот тим на Тиквеш втората фаза од подготвителниот период ја помина во Црна Гора каде одигра и два пријателски натпревари.

Избраниците на Раде Стојановиќ тестираа со актуелниот црногорски шампион Ловќен и Будуќност Подгорица.

Тиквеш славеше и на двете „контролка“, против Ловќен триумфираше со 25:23, додека против клубот од Подгорица со 30:27.

Во дуелот со Ловќен најефикасен беше Евгениј Темелкоски со шест погодоци, по четири постигнаа Срѓан Мијатовиќ, Мирко Мајиќ и Никола Стефановиќ.

Листата на стрелци на Тиквеш против Будуќност Подгорица беше предводена од Кристијан Анастасовски со шест погодоци, еден помалку имаше Славчо Шулевски.

Ракометарите на Тиквеш по враќањето од Црна Гора, односно пред почетокот на плеј-оф фазата, ќе „спарингуваат“ со Прилеп.