Дербито на колото во Група А од машката Супер лига се играше во Кавадарци, а домашниот Тиквеш покажа дека на патот кон плејофот, и во борба за што повисоко место ниту Охрид нема да му биде пречка. Домаќините славеа со 32-30 (16-12) и остануваа на врвот на табелата со максимални пет победи. За Охрид ова е втор пораз сезонава, и сега е на делба на третото место заедно со Аеродром со по девет бода.
Иако Тиквеш имаше предност во текот на целиот меч во второто полувреме дозволи мала драма на крајот, но сепак кога требаше, играчите реализираа за триумф. Охрид имаше шанса „да се врати од бездната“, ама попуштија кога требаше да бидат нај сконцентрирани.
Во второто полувреме Тиквеш првпат направи водство од „плус 6“ за 18-12, што беше највисоко дотогаш. Продолжи серијата на домаќините, па потоа иако Охрид намали на 21-17, домашните повторно направија нова серија за нови „плус 6“ и водство 23-17 и 24-18. Изгледаше дека натпреварот почнува да се решава, но..
Иако делуваше дека Тиквеш ќе има лесна задача, гостите од Охрид полека ги средуваа редовите и во 48 минута намалија на 25-23. Гостите играа лесно, па тоа им донесе на намалување на 25-26 во 49 минута како најава за можна драма во завршницата.
Последните 8 минути Тиквеш влезе со предност од два гола (27-25). Но, откако Кристијан Анастасовски доби трето исклучување, гостите реализираа за ново намалување, па се играше „гол за гол“. Во 54 минута Ани Обана се повреди во моменти кога мечот почна да се решава, но во последните минути пак влезе на паркетот.
Кога Гал Цигар од пенал го постигна својот 10. гол и израмни резултаот на 29-29 во 56 минута во салата имаше молк од оашните навивачи, но радост на гостинските. Сега секоја топка е решавачка. Манасков постигна гол за нов оводство 30-29, аво следниот напад Сафранко направи чекор, па на 2,5 минути до крај Мирко Мајиќ реализраше за 31-29. Голманот Јанко Гемаљевиќ го одбрани ударот од крило на Гоце Ојлески.
Кога Тиквеш поведе со 31-29 веќе беше јасно дека нема да има ниту нова драма, ниту пресврт, туку добовите ќе останата во Кавадарци. На крајот триумфот на домаќините беше 32-30 .
Кај победничкиот тим Ани Обина даде 8 гола, а Никола Стефановиќ даде 6 гола. Голманот Јанко Гемаљевиќ имаше 11 одбрани.
Во екипата на Охрид, најпрецизен беше Гал Цицар со 11 гола, а 6 даде Теимураз Орјоникидзе.
Табела А група