Тиквеш победнички низ Куманово, се вжешти битката за плеј-оф!

Ракометарите на Тиквеш потешко од очекувањата запишаа победа на гостувањето кај Куманово со 29-26 и се врати на добра позиција за пласманот во плеј-офот. Иако кавадарчани можеа многу порано да ја обезбедат победата, дозволија домаќинот да се врати во егал, да добие крилја, па мораа да треперат до финишот за бодовите. Домашната публика скоро цел меч реагираше на судиските одлуки, имаше на моменти и тензична атмосфера, а Тиквеш во финишот подобро се снајде и успеа да освои важни бодови во битката за плеј-оф.

Кавадарчани отворија со водство од 4-0 по четири минута игра и се чинеше ќе забележат лесен триумф. Предноста на гостите беше меѓу два и четири гола, но како одминуваше времето, така Куманово фаќаше приклучок.

По 12-9 за Тиквеш, искусниот Цветковски и Винисиус ги казнија сите грешки на гостите и Куманово се врати во егал, 12-12. Домашните добија мотив плус и по минималната негатива на паузата, во вториот дел успеаја и да поведат со 20-19.

Во овој период одличен на голот беше Михајловски, а во нападот го водеше Димевски. Кавадарчани сфатија дека „ѓаволот ја однесе шегата“, ја стегнаа одбраната и набрзина се вратија во водство, 22-21.

Но и домашните беа разиграни, па во продолжение се погодуваше наизменично на двете страни, а тоа беше најава за драматичен финиш. Публиката реагираше на сите судиски одлуки, ги навредуваше арбитрите, мечот на кратко беше прекинат па мораше да реагираат и редарите.

На пет минути до крајот, Куманово преку Винисиус израмни на 25-25, а во тој напад црвен картон заработи Анастасовски по стартот над бекот на домашните. Следуваше уште по еден гол на двете страни, па промашувања исто така на двете екипи.

Манасков реализираше, а домашните погрешија и по приговор на судиска одлука, Симоноски доби казна од две минути, па Куманово мораше во финишот со играч помалку. Мораа да брзаат и не реализираа два пати по ред, па Темелкоски и Кривокапиќ со погодоци потврдија дека бодовите ќе одат во Кавадарци.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Темелкоски со седум и Кривокапиќ со пет погодоци, додека Димевски стрелаше девет пати за Куманово.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1АЛКАЛОИД16150130
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР16140228
3ВАРДАР 196116140228
4ОХРИД16121325
5БУТЕЛ1680816
6ТИКВЕШ 20141672716
7ПРИЛЕП1662814
8ПРОЛЕТ1654714
9КУМАНОВО1640128
10СТРУГА1630136
11БИСИНОВ Ф. Л.1622126
12РАДОВИШ1601151