„Тепачот“ од Загреб ќе игра во Бундес лигата

Репрезентативецот на Србија и довчерашен член на Загреб, Милош Кос, својата кариера во странство ќе ја продолжи во Бундес лигата.

Младиот ракометар на кој му се предвидува богата кариера во вториот дел од оваа сезона ќе го носи дресот на Ерланген, станува збор за клуб кој моментално се наоѓа на претпоследното место во домашниот шампионат.

Како што е познато, левиот бек беше суспендиран од хрватскиот шампион поради предизвикување физички инцидент во соблекувалната на Загреб по натпреварот со Нант во рамки од 9. коло од ЛШ.

Управата на Загреб свесна дека во никој случај Милош Кос повеќе не може да биде дел од тимот, доследно работеше на изнаоѓање решение и ги презеде сите неопходни чекори за да постигне соработка со некој клуб.

Против 22-годишниот ракометар пред извесен период беше поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство во Загреб, а голманот Матеј Мандиќ, кој беше удрен со тупаница во главата од Кос, изјави дека Србинот ќе одговара за своите последици.

За Кос заинтересирани беа Војводина, Партизан, како и уште неколку бундеслигашки клубови.

„Кос погреши, ама не го заслужи ова што му се случува…“

 

 

Нема крај на сапуницата „тепачка во Загреб“ – Милош Кос пријавен во полиција!