Танкоски: Сите дадовме максимум, резултатот е реален

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер пред својата публика доживеа  пораз од ПСЖ во натпревар од 11. коло од Лигата на шампионите со 31:25.

Средниот бек на Еурофарм Пелистер, Марио Танкоски, даде свој коментар по загубениот натпревар од францускиот клуб.

,,Мислам дека на овој натпревар нѐ чинеше лошиот влез кога губевме 5:1, потоа цело време бркавме негатива, но против екипа како што е ПСЖ тое е тешко. ПСЖ е екипа составена од играчи од светски калибар, тројца играчи освоија злато на Европско првенство, имаше некои со сребрени и бронзени медали, промашените пенали исто така нѐ чинеа за помал пораз, сите дадовме максимум и мислам дека резултатот горе-долу е реален”, изјави Танкоски.

Битолскиот тим во 12. коло од европската елита за ривал го има Кил, кој денес го игра дерби дуелот со полскиот гигант Келце.

Ангеловски: Натпреварот го загубивме уште во првиот дел, но можевме да се избориме за помал пораз!

Еурофарм Пелистер поразен од моќниот ПСЖ