На домашна сцена во центарот на вниманието ќе биде прволигашкото дерби во Штип меѓу досега непоразениот тим на Текстилец и Вардар Неготино.
Минатата сезона неготинци загубија во Штип, па сега ќе бркаат одмазда против составот што игра на високо ниво од стартот на новата сезона.
Покрај натпреварот во Штип, ќе се игра и во Скопје, Македонска Каменица и Ресен во прволигашката конкуренција.
Кај дамите се игра дербито на колото меѓу Спартак и Чаир, а во сеќавање на љубителите на ракометот е пресметката во полуфиналето на Купот на Македонија, кога Спартак го надигра Чаир минатата сезона.
На европските терени ќе има натпревари од Лигата на шампионите, Лигата на Европа и ЕХФ Европскиот Куп кај дамите, а свои настапи во домашните првенства ќе имаат Андреј Петковски во Чешка, Катерина Дамјаноска во Романија, Димитар Узунчев во Словенија…
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
14:00 Текстилец – Вардар Неготино (Македонија)
16:00 Аеродром – Македонија Ѓорче Петров (Македонија)
18:00 Спартак – Чаир (Македонија)
18:30 Сокол Саса – Овче Поле (Македонија)
19:00 Преспа – Радовиш (Македонија)
10:30 Плзен – Жубри (Чешка)
16:00 Јаши – Таргу Муреш (Романија)
18:30 Целје – Крка (Словенија)


























