Еурофарм Пелистер поразен од моќниот ПСЖ

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер пред својата публика доживеа  пораз од ПСЖ во натпревар од 11. коло од Лигата на шампионите со 31:25.

Еурофарм Пелистер останува на последното место во рамки од групата А, на 11 натпревари не успеа д аосвои ни бод, додека ПСЖ со новата победа дојде до 13 бодови на свое конто и си ги задржа шансите за првото место на табелата.

Францускиот тим уште на почетокот ја покажа својата доминација и само по пет минути игра дојдоа до предност од четири гола разлика, 5:1. Тимот на Ангеловски вториот гол го постигна по четири минути игра, односно во 8 минута, кога Радивојевиќ од контра напад реализираше за минус три, 5:2, минута подоцна Кузмановски, исто така од контра напад го совлада искусниот Грин.

По приближувањето на домашниот тим, ривалот од Франција постигна три гола во низа и во 12 минута дојдоа до 8:3. До првата половина од првиот дел, голманот на ПСЖ, Јаник Грин имаше четири одбранети удари, додека Урбан Лесјак беше без интервенција.

Тимот на Гонзалез со расположениот Стеинс, кој одлично ги разигруваше своите колеги, во 20 минута дојде до дотогаш највисоките плус шест, 12:6, потоа зголемија и на 13:6. Во последните пет минути се разбрани Лесјак, кој не дозволи гостите да зголемат на повисока позитива, но неговите соиграчи не успеаја осетно да намалат дел од негативата и на полувреме имаа минус шест, 15:9.

ПСЖ имаше одличен старт и во вториот дел и бргу дојде до предност од седум позитива, 17:10. Пелистерци се обидуваа да се вратат во игра, но гостите од Франција не се опуштија во ниту еден момент и во 40 минута дојдоа до дотогаш највисоките осум гола разлика, 22:14. Домаќините во вториот дел промашија три пенали по ред, па така во 43 минута предноста на ПСЖ беше 23:14.

Веќе при резултат од 25:16 беше јасно дека ќе се игра полесно во нападот, избраниците на Ангеловски даваа сѐ од себе за да ја намалат негативата и на осум минути пред крајот предноста на „светците“ беше 27:20. При финишот од натпреварот, двајцата тренери шанса им дадоа на ракометарите со помала минутажа, но тоа не се одрази многу на резултатот.

Најефикасни во победничката екипа беа Камил Шипжак со седум и Феран Соле со шест погодоци. Во редовите на Еурофарм Пелистер сите ракометари, освен Домен Тајник, се запишаа во листата на стрелци, пет играчи постигнаа по три погодоци – Дејан Манасков, Урош Борзаш, Емилијан Ѓорговски, Жарко Пешевски и Богдан Радивојевиќ.

Битолскиот тим во 12. коло од европската елита за ривал го има Кил, кој денес го игра дерби дуелот со полскиот гигант Келце.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1КИЛ14102222
2АЛБОРГ1483319
3ПСЖ ХЕНДБОЛ1481517
4КЕЛЦЕ1464416
5ППД ЗАГРЕБ1462614
6ПИК СЕГЕД1461713
7КОЛСТАД1451811
8ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР1400140