Танески бира нови кадети – 41 ракометар во репрезентативна конкуренција

Селекторот на машката кадетска репрезентација на Македонија Наум Танески, денес го објави поширокиот список на повикани ракометари за селекција.

На списокот партиципираат 41 ракометар, сите повикани играчи доаѓаат од домашните клубови.

Новата генерација на кадети во периодот од 25 до 29 октомври ќе настапи на силниот турнир „Трофеј Карпати“ во романскиот град Плоешти.

На турнирот покрај Македонија ќе учествуваат уште репрезентациите на Египет, Црна Гора и домаќинот Романија.

Машката кадетска репрезентација на Македонија во јануари ќе игра квалификации за пласман на Европското кадетско првенство во Црна Гора.

Ривали на Македонија се репрезентациите на Словачка, Швајцарија и Косово. Најдобрите две репрезентации од секоја група ќе обезбедат пласман на кадетскиот континентален собир.