Тимот на Бенфика, каде што игра македонскиот репрезентативец Филип Талески, оствари голема победа над лидерот во португалскиот шампионат Спортинг Лисабон со 38-34.
Левиот бек од Македонија постигна вкупно три погодоци – еден гол во првиот дел, но во второто полувреме додаде уште два, во времето кога Бенфика ја правеше клучната предност.
Еден од нив беше на празен гол, додека последниот беше во контранапад во тие моменти за плус три за домаќините. Покрај тоа, Талески имаше важна улога во одбраната на домашниот тим.
По првото полувреме Спортинг водеше со 16-14, но одбраната на гостите се распадна во вториот дел и прими дури 24 погодоци.
Сега на лидерската позиција се Спортинг Лисабон и Порто со 43 бода, Бенфика има 39 на третата позиција, а следен предизвик за Талески и неговиот тим ќе биде гостувањето кај Спортинг Хорта.