Супер Глоуб во следните три сезони ќе се игра во Египет

Неофицијалното Светско клупско првенство, Супер Глоуб, ќе има нов домаќин во следните три сезони.

Откако заврши договорот меѓу Светската ракометна федерација и Саудиска Арабија, Супер Глоуб се сели во Египет.

Договорот е на три сезони, па следните три собири на најдобрите екипи од сите континенти ќе се одржуваат кај „фараоните“.

Минатата година, тимот на Магдебург го освои трофејот на ова натпреварување, третпат во серија, а најтрофејна е Барса со пет трофеи.