Стружанка даде силен отпор, но бодовите останаа во Куманово

Тимот на Куманово во натпревар од 24. коло од Женската лига на свој терен беше подобар од Стружанка со 25:23 (14:12).

За вицепрвакот ова беше 18-та победа во новата сезона и со новите освоени бодови дојде до 54 на свое конто.

Гостинките од Струга парираа во текот на целиот натпревар, во првиот и вториот дел на моменти водеа, но во финишот пресуди поголемата пофокусираност на домашниот табор.

Најефикасна на натпреварот беше членката на Стружанка, Мендувие Далипоска, која постигна 12 погодоци.

Во победничкиот тим седум погодоци постигна искусната Сара Цветановска, а по пет запишаа Јана Ѓошевска и Јана Алексовска.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР22006
2АСТИБО22006
3СКОПЈЕ32016
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ20020
5СТРУЖАНКА30030