Стојковиќ: Носам големо искуство од ова СП

Машката репрезентација на Македонија го заврши настапот на Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка.

Кружниот напаѓач Марко Стојковиќ го даде својот придонес на теренот и потенцира дека сите го дадоа максимумот, но и дека има простор за напредок.

„Сметам дека сите го дадовме максимумот. Има многу голема разлика од оваа репрезентација и од другите, тоа сите го знаат. Има и голем простор за напредок, сите работиме максимално да достигнеме повисоко ниво. Треба да одиме само повисоко со овој тим. Со себе ќе понесам едно големо искуство со ова СП, има голема разлика да си на ваков настан и да играш домашна лига. Можеби можеше повеќе на резултатски план, немавме во еден момент и среќа. Но важно е што сите дадовме максимум“, изјави Стојковиќ.

Следен предизвик за Македонија ќе бидат квалификациите за Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка, во март против Словенија.