Македонската репрезентативка Теодора Дукоска имаше победничко деби за нејзиниот нов тим Јувента Михаловце.
Словачкиот тим славеше во пресметката со украинскиот тим Карпати Ужгород со убедливи десет гола разлика, 39-29.
Дукоска имаше добра партија и успеа да постигне три погодоци во мрежата на украинскиот противник.
Јувента Михаловце наредните пријателски средби ќе ги игра со Спартак Киев на 31 јули и 1 август на домашен терен.

























