Македонскиот стратег Раде Стојановиќ е во победнички ритам на два фронта со неговиот клуб Тримо Требње.
Најпрво во словенечкото првенство, Тримо славеше на гости кај незгодниот Словењ Градес со убедливи 32-22.
Во осминафиналето на Купот на Словенија, Тримо го победи Копер со девет гола разлика 33-24 и се пласираше меѓу најдобрите осум.
Таму веќе се пласирани Иванчна Горица, Шкофлица и Слован Љубљана предводен од Урош Зорман, додека фаворити за место во ТОП 8 се и Целје, Горење, Ормож и Крка.
Следен предизвик за Стојановиќ и Тримо ќе биде дербито со Слован Љубљана.