Стојановиќ и Тримо со победа го започнаа плеј-офот!

Тимот на Тримо Требње, предводен од македонскиот стручњак Раде Стојановиќ, со победа го започна плеј-оф натпреварувањето во Словенија.

Тримо Требње, кој во плеј-оф фазата пренесе четири бода, во првото коло славеше над незгодниот Градец со 28:24.

Ракометарите на Стојановиќ уште во првото полувреме кое го добија со 14:9, покажаа дека бодовите ќе останат дома.

Во второто коло, Стојановиќ и неговите избраници ќе му гостуваат на актуелниот шампион Целје.

Составот на Пауло Переира вечерва славеше над Рико Рибница, 33:32.