Ракометната федерација на Македонија денеска го промовираше новиот селектор на женската репрезентација, Игор Марковиќ.
Претседателот на македонската куќа на ракометот, Александар Стефанов, не го криеше задоволството од ангажманот и најави дека верува во изградба на силен и конкурентен тим.
„Со големо задоволство го поздравуваме доаѓањето на Игор Марковиќ на селекторската позиција на женската сениорска репрезентација на Македонија. Станува збор за тренер кој зад себе има богато играчко и тренерско искуство, а неговите резултати и професионален пристап се потврда за неговите квалитети. Пред нас е исклучително важен период – не очекуваат настапите на Трофеј Македонија, како и подготовките за претстојното Европско првенство. Верувам дека заедно со стручниот штаб и ракометарките ќе изградат силен и конкурентен тим кој достојно ќе ја претставува Македонија на меѓународната сцена. На Игор Марковиќ му посакувам успешна работа,среќа и заеднички да се радуваме на нови успеси на женската сениорска репрезентација на Македонија“, изјави Стефанов.
Прв предизвик за него ќе биде настапот на „Трофеј Македонија“ и дуелите против Хрватска, Црна Гора и Србија, а потоа и настапот на ЕП, каде нашата селекција ќе игра против Норвешка, Романија и Швајцарија.
Македонија доби нов селектор – дамите ќе ги води Игор Марковиќ!
Марковиќ најави нов почеток: Ќе создадеме конкурентна Македонија
























