Кружниот напаѓач Стефан Атанасовски во новата сезона ќе има нов интернационален предизвик во кариерата.
Тој ќе го носи дресот на косовскиот шампион Раховеци, каде што тренер е Македонецот Горан Андоновски.
Атанасовски минатата полусезона ја мина во редовите на Куманово и имаше значајна улога во обезбедувањето на опстанокот.
Високиот пивот играше за Вардар Јуниор, Работнички, беше дел и од првиот тим на Вардар, а имаше и интернационално искуство во Ал Араби и Ал Мудар.