Машката репрезентација на Македонија славеше на гости кај Естонија со 36-17 и направи чекор напред кон пласман на ЕП 2026.
Сега Македонија ќе има меч „еден на еден“ со Литванија и победа со два гола сигурно не носи на нов континентален собир, осмипат по ред.
Триумфот над Естонија со 19 голови разлика сега го презема приматот на најубедлив на гостински терен во репрезентативната историја на Македонија.
Претходно највисоката победа беше остварена на гости кај Кипар во 2006 година во квалификациите за СП 2007 со 13 погодоци разлика.
ТОП 5 победи на гости на Македонија:
(19) 08/05/2025, квалификации за ЕП 2026, Естонија – Македонија 17-36
(13) 04/01/2006, квалификации за СП 2007, Кипар – Македонија 20-33
(9) 16/10/2022, квалификации за ЕП 2024, Турција – Македонија 27-36
(9) 10/06/2015, квалификации за ЕП 2016, Швајцарија – Македонија 17-26
(9) 16/01/2010, квалификации за СП 2011, Турција – Македонија 26-35