Vuk LAZOVIC, Lazar KUKIC and Stefan CAVOR, Serbia vs Montenegro, Men's EHF EURO 2024 Germany, Munich, Germany, 16.01.2024, Mandatory Credit © Nebojsa Tejic / kolektiff

Србите, Црногорците и Хрватите добија ривали по мерка во квалификациите за ЕП

Денеска во данската престолнина Копенхаген беше извршена ждрепката за квалификациските групи за Европското првенство 2026, кое ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка.

Македонија се најде во првата квалификациска група и за ривали ги доби репрезентациите на Словенија, Естонија и Литванија.

Освен Македонија, лесна група имаат и Србите, кои за пласман на ЕП ќе се борат против Шпанија, Италија и Летонија.

Србија и во баражот за Светското првенство 2025 за ривал ја има репрезентацијата на Шпанија, па така избраниците на Борис Ројевиќ во рок од една година четири пати ќе се сретнат со „црвената фурија“.

Црногорците, исто така имаат група по мерка, ќе играат заедно со Унгарија, Словачка и Финска. Хрватска за ривали ги има Белгија, Луксембург и Чешка, додека најтешка група од „екс-ју“ просторите добија БиХ и Косово.

Натпреварите од квалификациите ќе се играат во три ЕХФ недели. Започнуваат веќе во октомври оваа година (4-10/10), потоа во март 2025 година (10-16/3) и во мај 2025 (5-11/5), по што ќе бидат познати сите учесници на ЕП 2026.

Пласман на континенталниот собир ќе обезбедат прво и второпласираните репрезентации, како и четири од осумте третопласирани селекции во квалификациските групи.

Maкедонија ќе брка ЕП преку Балтикот и Словенија!