Репрезентациите на Србија и Романија одиграа интересен натпревар, во кој бодовите ги освоија Романките кои триумфираа со 27:25.
Србинките требаше да победат со плус шест гола разлика за да останат во игра за пласман во главната фаза, во еден момент имаа плус пет, но лошата игра во периодот од 40 до 50 минута беа кобни за нашиот северен сосед. Романија иако освои два бода, сепак, за пласман во главната фаза ќе го чека исходот од вечерашниот дуел меѓу Чешка и Црна Гора,
Србија, предводена од голманката Јована Рисовиќ, која во првото полувреме имаше осум интервенции, во периодот од 10 минута, па до крајот на полувремето одигра одлично против избраничките на Флорентин Пера.
Откако беше 5:5, ракометарките на Брегар заиграа во посакуваниот ритам и започнаа лесно да ја пробиваат зоната 6-0 на романската репрезентација. Во 25 минута Србија дојде до пет гола разлика, 15:10 и тоа беше знак дека Романија треба да се подобри во два правци.
Во листата на стрелци кај Србија се запишаа неколку млади ракометарки, кои рамо до рамо се носеа со поискусните Романки. По 30 минути игра, резултатот гласеше 16:13 во корист за составот на Брегар.
Нашиот северен сосед во вториот дел до 45 минута најчесто водеше со два до четири гола разлика, а во 46 минута Романија од 22:19 направи целосен пресврт, најпрво израмни на 22:22, потоа поведе со 23:22 и до крајот беше во предност.
Холандија во групата Ф ја забележа третата победа, откако славеше над аутсајдерот Украина со 43:23. Натпреварот беше решен уште во првото полувреме, кое го добија „лалињата“ со 12 гола, 24:12 За Холандија ова беше трета победа на континенталниот собир, додека Украина настапот на ЕП го заврши без освоен бод.
Исто како и Холандија, репрезентацијата на Данска во групата Д го освои првото место и во главната фаза на Европското првенство патува со ,,три од три”. Данска, која е кандидат во сенка за висок пласман, во последното коло без проблеми славеше над Фарски Острови со 33:24.