СП 2023: Норвешка сигурна против Јужна Кореја, Данска се чекира во главна фаза

Во натпреварите на Светското првенство 2023 кои што беа одиграни во терминот од 20:45 часот, фаворитите одработија според планот.

Норвешка, која е еден од домаќините на Мундијалот, во третото коло од групната фаза немаше поголеми проблеми против Јужна Кореја, триумфираше со 33:23 (20:11).

Победничката репрезентација беше предводена од екс ракометарката на Вардар, Камила Херем. Искусната ракометарка постигна седум погодоци, додека во поразениот табор се истакна Енџу Шин со пет погодоци.

Норвежанките во главната фаза ќе пренесат максимален број бода. Од групата Ц, освен Норвешка пласман во ТОП 24 обезбедија и репрезентациите на Австрија и Јужна Кореја.

Данска не виде мака со Чиле и дојде до убедлив триумф со 46:11 (20:5). За Данска победата над Чиле беше втор триумф и веќе се чекира во главната фаза.

СП 2023, резултати:

Романија – Србија 37-28
Сенегал – Шведска 18-26
Хрватска – Кина 39-13
Украина – Казахстан 37-24
Гренланд – Австрија 23-43
Бразил – Шпанија 25-27
Норвешка – Јужна Кореја 33:23
Чиле – Данска 11:46

 

СП 2023: Романија и без Неагу пресилна за Србија, Хрватска ја торпедира Кина