Двете сестри, Јасмина и Нина Попови, во новата сезона ќе го носат дресот на новиот прволигаш Гевгелија Југ.
Тимот што е наследник на Гевгелија, ќе ги има во својот ростер некогашната младинска репрезентативка, Нина и нејзината сестра Јасмина.
Нина е кружен напаѓач, додека Јасмина игра на десната бековска позиција и настапуваше во Вардар, Ѓорче Петров и Чаир.
Иако имаа понуди да заиграат во некој од суперлигашките клубови, сепак тие се решија да се вратат во родниот град.
Гевгелија Југ во новата сезона ќе биде дел од прволигашката конкуренција.
_________________________________________________________________________________________
Добивај директно РАКОМЕТНИ ВЕСТИ вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите вести.
_____________________________________________________________________________________________________























