СП 2023: Холандија со пресврт ја совлада Црна Гора, ќе игра за петто место со Германија

Светскиот првак од 2019 година, репрезентацијата на Холандија, на Мундијалот 2023 ќе игра за петто место.

Холанѓанките во дуелот со Црна Гора славеа со 28:25 (14:13) и во борбата за 5. позиција ќе играат против Германија.

Иако Црна Гора во првото полувреме во два наврати имаше пет гола разлика, сепак, не издржа во остатокот од натпреварот, во кој за нијанси подобри беа „лалињата“.

Кај Холандија листата на стрелци беше предводена од Ангела Малештајн со осум погодоци, додека во составот на Бојана Поповиќ се истакна Дијана Мугоша со шест реализации.

По денешниот пораз, ракометарките на Црна Гора ќе играат за 7. позиција на Мундијалот, а за ривал ќе ја имаат незгодната Чешка, која денес загуби од Германија со 32:26 (14:12)

На денешната програма се и двата полуфинални дуели. Во првото полуфинале ќе се сретнат Данска и Норвешка и овој скандинавски дуел ќе го даде првиот патник во финалето.

За финале ќе се борат и репрезентациите на Шведска и Франција, кои го сочинуваат второто полуфинале.

СП 2023: Србија со најлош пласман досега – еве го ранкингот од 9 до 32 место