СП 2023: Франција ја доби битката со Норвешка и во четвртфиналето ќе игра против Чешка

Франција во неизвесен натпревар ја доби драмата со Норвешка, триумфираше со 24:23 (12:12) во последното коло од главната фаза и заврши како првопласирана во својата група.

Тоа значи дека Франција во четвртфиналето ќе има ривал по мерка, односно ќе игра со Чешка, додека Норвешка ја очекува нов предизвик, бидејќи ќе се соочи со Холандија, која на Мундијалот 2019 ја освои титулата.

Денешното дерби беше проследено со голема борба меѓу двете репрезентации и само нијанси одлучуваа кој ќе ја добие битката. Херојот на натпреварот е искусната голманка Лора Глозе, која го одбрани ударот на норвежанките во последните секунди и не дозволи поделба на бодовите.

Најефикасна во победничката репрезентација со шест погодоци беше Естел Нзе Минко, додека голманката Лора Глозе заврши со 11 интервенции, осум беа во првиот дел. Кај Норвешка листата на стрелци беше предводена од Вилде Ингштад со четири погодоци.

Репрезентацијата на Словенија со победата над Австрија од 32:27 (19:14) се израдува на втор триумф во главната фаза. Избраничките на Драган Аџиќ останаа без четвртфинале, но во својата група завршија како третопласирани, веднаш за Норвешка и Франција.

Одлична партија во победничката репрезентација имаше екс ракометарката на Вардар, Тамара Мавсар. Левото крило на Крим во мрежата на Австрија постигна 11 погодоци од 14 обиди, втор стрелец со пет погодоци беше Барбара Лазовиќ, која исто така во својата кариера го носеше дресот на „црвено-црниот“ тим.

Светско првенство, резултати:

Аргентина – Украина 25-20

Чешка -Бразил 27-30

Ангола – Јужна Кореја 33-31

Холандија – Шпанија 29-21

Франција – Норвешка 24-23

СП 2023: Чешка е сензационален четвртфиналист!