Еден од најдобрите репрезентативци на Холандија, Кај Смитс, ќе има нов предизвик по завршувањето на тековната сезона.
Искусниот Смитс и раководството на Фленсбург одлучиле секој да си продолжи по својот пат, па така десниот бек на лето ќе се пресели во друг клуб.
Кај Смитс не успеа да се врати во поранешната форма откако имаше срцеви проблеми, па поради тоа, мораше да паузира одреден период.
Холанѓанецот најголемиот успех во својата кариера го имаше со Магдебург, со овој клуб ја освои титулата во ЛШ во сезона 2022/23.
Според германски „Билд“, Фленсбург како замена за Смитс би требало да го ангажира Робин Тонесен, кој моментално настапува за ПСЖ.