Словенија спасуваше жива глава во Естонија, Косово пропушти сензација

Во квалификациската група 1, во која се наоѓа Македонија, интересен натпревар во Талин одиграа Естонија и Словенија, а по 60 минути борба на победа се радуваа избраниците на Урош Зорман, триумфираа со 29:28.

На полувреме беше нерешено 14:14, а во вторите 30 минути двете репрезентации се менуваа во водство. Во 42 минута беше 22:22, осум минути подоцна, односно во 50 минута, балтичката земја водеше со 26:25.

Словенците во последните пет минути успеаја да бидат за нијанса подобри, по нерешените 27:27 се одлепија на 29:27, домаќините не се откажуваа намалија на 29:28, a можеа да се изборат за голем бод, но голманот Урбан Лесјак во последната секунда му одбрани пенал на Хендрик Кокс.

Во словенечката репрезентација најефикасен беше Домен Макуц со дури 13 гола, а втор стрелец беше членот на Еурофарм Пелистер, Нејц Цехте со пет.

Репрезентацијата на Косово беше на прагот на сензација, иако против Холандија водеше во најголемиот дел од натпреварот, сепак, „лалињата“ во последниот период се вратија во игра и да дозволија домаќинот на победи.

Крајниот епилог од неизвесната драма во Приштина беше 33:33, a домаќините можат да жалат за пропуштената шанса, бидејќи во 40 минута имаа плус четири, 24:20. Како што одминуваше времето, така Холандија се враќаше во игра и на десет минути пред крајот успеа да го презеде водството. Косово голот за реми го постигна во последната минута преку Дрилон Тахирукај.

Квалификации за ЕП 2026, 2. коло, резултати:
УКРАИНА – ФАРСКИ ОСТРОВИ 35-32
ЛЕТОНИЈА – ШПАНИЈА 29-38
ФИНСКА – УНГАРИЈА 23-32
ТУРЦИЈА – ГЕРМАНИЈА 29-36
ГРУЗИЈА – ИСЛАНД 25-30
ШВАЈЦАРИЈА – АСВТРИЈА 29-29
БЕЛГИЈА – ЧЕШКА 15-31
СЛОВАЧКА – ЦРНА ГОРА 35-38
17:00 ЕСТОНИЈА – СЛОВЕНИЈА 28-29
17:00 ЛИТВАНИЈА – МАКЕДОНИЈА 29-27
КОСОВО – ХОЛАНДИЈА 33-33
18:00 ИТАЛИЈА – СРБИЈА
18:00 РОМАНИЈА – ПОЛСКА
18:30 ПОРТУГАЛИЈА – ИЗРАЕЛ
19:00 БИХ – ГРЦИЈА

Украина ги надигра Фарски Острови, Исланд преку Грузија до втора победа

 

 

Пораз на Македонија во Литванија