Репрезентацијата на Словенија со победата над Парaгвај од 32:14 во квалификациите за Олимписките игри ја „чекира“ Германија на најголемата спортска манифестација.
Во третата квалификациска група лидер е Германија со четири бодови, по два имаат Словенија и Црна Гора, додека Парагвај е без бодови.
Токму двете земји од Балканот утре со меѓусебен дуел ќе се борат за второто место, кое што носи пласман на Олимписките игри во Париз.
На утрешната програма ќе бидат одиграни завршните шест натпревари од сите три групи, по што ќе биде познат конечниот пласман на квалификациите.
Пласман на Олимпијадата во Париз засега, освен Германија, имаат обезбедено и репрезентациите на Унгарија, Шведска, Холандија и Шпанија.