Словаците ги отворија картите за бараж двомечот со Македонија

Селекторот на машката репрезентација на Словачка, Фернандо Гурих, го објави списокот на ракометари за бараж двомечот со Македонија за пласман на СП 2027.

Капитенот Љубомир Дуриш замина во репрезентативна пензија во март и нема да игра против Македонија, а Гурих повика 20 ракометари, меѓу кои се петмина на Татран Прешов.

По повредата се враќа Марко Јуркович, бекот на шпанската Торелавега, а повикан е и натурализираниот пикер од Украина, Сергеј Петриченко, кој игра во полскиот Легионово.

Крилото Давид Мишович од германскиот Десау исто така е повратник, а тука се Потиск од Мешков Брест, Бриатка од Бојнице, искусните голмани Зернович и Конечни, потоа Лукаш Урбан од Татран Прешов…

Првиот меч меѓу Македонија и Словачка се игра во Прешов во „Татран Арена“ на 14 мај од 19:00 часот, додека реваншот е во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје на 17 мај од 19:00 часот.