Следната сезона Македонија со две екипи во ЛЕ, два тима ќе играат и во Европскиот Куп!

Согласно новиот рејтинг на националните федерации за следната натпреварувачка сезона, 2024/25, во европските купови, Македонија го загуби директното место во Лигата на шампионите, но доби дополнително во Европскиот Куп.

Како и минатата сезона, РФМ ќе може да пријави две екипи во Лигата на Европа, а многу веројатно една од нив ќе добие директно место во групите, додека втората ќе игра квалификациско коло.

Во споредба со минатото рангирање, Македонија се наоѓа на 11 позиција исто како и претходно, па нема промена во однос на бројот на екипите.

Промена има во Европскиот Куп, но не во ранкингот со оглед на тоа што во сезоните чии резултати важат во рангирањето немавме претставник, туку во бројот на екипите што Македонија и РМФ може да ги пријават.

РФМ добива едно дополнително место, но тоа е поради фактот што Македонија го загуби загарантираното место во Лигата на шампионите.

Македонија го загуби местото во ЛШ за следната сезона!