Слават Зарков и Јонијас, тим од Малта испиша историја – еве кои екипи oдат во трето коло од Европскиот Куп

Минатиот и овој викенд се одиграа вкупно 64 натпревари од женскиот Европски Куп, по кои 32 екипи продолжуваат во третата рунда од ова натпреварување. Меѓу нив од Македонија ќе биде само шампионот Ѓорче Петров, откако Чаир и Куманово беа елиминирани.

Тимот од Малта, каде што играат четири македонски интернационалки – Феникс (Митрова, Иванџикова, Ефтимов и Барати), испиша историја и стана првиот тим од оваа островска земја што поминала едно коло во ракометен куп во било конкуренција.

Освојувачот на трофејот, Коњалти Анталија, кој во составот има три репрезентативки – Моника Килдан Јанеска, Ивана Гакидова и Елена Ѓорѓиевска, немаше тешка задача против босанскиот Хаџиќи и со две победи обезбеди следна рунда.

Косовскиот Истогу, каде игра поранешната младинска репрезентативка на Македонија Арлинда Динарица, за гол беше подобар во двомечот со португалската екипа Барос, а десното крило беше меѓу најдобрите поединци.

Во третото коло оди и грчкиот Јонијас, кој од клупата е предводен од Александар Зарков, а на теренот од екс вардарките Татјана Хмирова и Екатерина Лубјанаја.

Европски Куп, 2 коло, резултати:

Гарлиава (Литванија) – Неистин (Фарски Острови) 28-25, 21-25 пен.
Ериче (Италија) – Х71 (Фарски Острови) 27-17, 32-35
Слован Дусло Сала (Словачка) – Понтинија (Италија) 30-31, 34-29
Eлче Мустанг (Шпанија) – Биала (Бугарија) 54-13, 43-17
Чаир (Македонија) – Венло (Холандија) 26-39, 18-43
Гореле (Турција) – Дуго Село (Хрватска) 28-27, 23-36
Кур (Азербејџан) – Салерно (Италија) 19-29, 19-36
Јенимале (Турција) – Вело (Холандија) 29-25, 31-26
Макаби Аразим Рамат Ган (Израел) – Феризај (Косово) 26-24, 33-24
Куманово (Македонија) – Херцогенбуше (Швајцарија) 22-29, 17-31
Јаликавак (Турција) – Сао Педро (Португалија) 23-27, 30-25
Михаловце (Словачка) – Борац (Босна и Херцеговина) 45-18, 36-14
Рудар (Црна Гора) – Литија (Словенија) 30-19, 25-28
Ацгерсдорф (Австрија) – Бриксен (Италија) 25-28, 26-33
Ајдовшчина (Словенија) – Панорама (Грција) 40-26, 31-29
Хаџиќи (Босна и Херцеговина) – Коњалти (Турција) 19-39, 19-44
Бенфика (Португалија) – Ферлах (Австрија) 41-29, 26-23
Ојпен (Белгија) – Жалгирис Каунас (Литванија) 36-27, 27-29
Ѓорче Петров (Македонија) – Тиват (Црна Гора) 43-22, 29-24
Латсија (Кипар) – Феникс (Малта) 29-35, 33-33
Вестфрисланд (Холаднија) – Груде (Босна и Херцеговина) 34-27, 33-25
Бјеловар (Хрватска) – Дуделанж (Луксембург) 34-17, 31-21
Колехио Де Гаја (Португалија) – Вестманејар (Исланд) 23-27, 27-26
Пилаја (Грција) – Керженг (Луксембург) 24-21, 26-19
Винтертур (Швајцарија) – Кинзварт (Чешка) 25-29, 29-31
Гарабах (Азербејџан) – Гранољерс (Шпанија) 15-48, 18-41
Изола (Словенија) – Енозис (Кипар) 42-23, 30-25
Барос (Португалија) – Истогу (Косово) 31-30, 27-29
Мадеира (Португалија) – МГА Фиверс (Австрија) 37-23, 32-18
Артас (Грција) – Јонијас (Грција) 20-34, 23-26
Криваја (Босна и Херцеговина) – Азераил (Азербејџна) 31-29, 26-25
Холон (Израел) – Гран Канарија (Шпанија) 15-37, 17-41

Во Лигата на Европа, шест екипи се пласираа во третото квалификациско коло пред групната фаза.

Највозбудливо беше на мечот меѓу Онередс и Хипо, кој беше решен на пенали, откако шведскиот тим славеше со два гола, исто колку што загуби на првиот меч во Австрија.

Српскиот Железничар имаше добра шанса два пати на домашен терен против швајцарскиот Шпоно, но не успеа да ја стигне негативата од првиот дуел и покрај што водеше со шест гола на полувреме, а Дуња Табак погоди 20 пати.

Лига на Европа, 2 коло, резултати:

Олденбург (Германија) – ПАОК (Грција) 37-22, 25-25
Дижон (Франција) – Молде (Норвешка) 29-35, 23-40
Ларвик (Норвешка) – Малага (Шпанија) 31-35, 27-33
Хипо (Австрија) – Онередс (Шведска) 29-27, 34-37 пен.
Валур (Исланд) – Дунареа Браила (Романија) 29-30, 14-30
Шпоно Иглс (Швајцарија) – Железничар Инџија (Србија) 30-28, 33-34