Сигурдсон скрати список – го отпиша Карачиќ и уште тројца од ОИ!

Селекторот на машката репрезентација на Хрватска, Дагур Сигурдсон, го објави списокот за стартот на подготовките за СП 2025.

На списокот се наоѓаат 26 ракометари кои ќе се соберат на 26 декември и ќе го одработат првиот дел од подготовките во Пореч, каде ќе играат пријателски натпревар со Италија на 29 декември.

Сигурдсон има двајца нови голмани – ветеранот Иван Пешиќ и младиот Матија Шпикиќ, кои бранат во одлична форма, а тука е и Матеј Мандиќ, кој сепак е неизвесен за настап.

Повратник на линијата е Леон Шушња, ново име е Јосип Шимиќ, додека меѓу бековите нови ракометари се Лука Мославац, Давор Гавриќ, Филип Вистороп и Диано Ќешко, додека Сигурдсон се откажа од услугите на Игор Карачиќ, како и од Сандро Мештриќ, Ловро Михиќ и Јосип Шарац, кои беа на Олимписките игри во Париз. На списокот ги нема и Јагањац, Прибетиќ, Милета…

По дуелот со Италија, за Хрватска следува тест со Македонија на 8 јануари, додека на 10 јануари ќе ја има последната контрола со Словенија. Хрватите се во група со Бахреин, Египет и Аргентина.