Сигурдсон може да здивне: Мандиќ ќе биде подготвен за СП!

Селекторот на машката репрезентација на Хрватска, Дагур Сигурдсон, може да здивне пред стартот на СП 2025.

Откако на пријателскиот натпревар против Словенија во игра се врати средниот бек Лука Циндриќ, сега Сигурдсон доби уште една позитивна вест.

Повредата на левото крило Давид Мандиќ, заработен на средбата со Словенија не е сериозна и се работи само за истегнување на мускулот.

Мандиќ е важна алка во играта на Хрватска не само во нападот, туку и во одбраната и ќе биде сигурно еден од адутите на Сигурдсон.

Хрватска е во група со Аргентина, Бахреин и Египет на СП, а своите натпревари ќе ги игра во „Арена Загреб“.