Поранешниот репрезентативец на Шведска, Ким Андерсон, по завршувањето на тековната сезона ќе стави крај на својата играчка кариера.
Некогашниот ас на скандинавската репрезентација кариерата ќе ја заврши во дресот на Иштад, клуб во кој настапува од 2015 година.
Иако постоеше опција да ја заврши кариерата пред некое време, Андерсон одлучи да ја доигра сезоната откако не ја доби функцијата на спортски директор во клубот, решавајќи да го испочитува договореното.
Десниот бек својата кариера ја започна токму во Иштад, потоа играше за Савехоф, а од сезона 2005/06 до сезона 2011/12 го носеше дресот на Кил. По настапите за бундеслигашот, направи трансфер во Колдинг, каде што играше три сезони.
По враќањето во родната Шведска во сезоната 2015/16, потпиша за Иштад, иако имаше понуди од Веспрем и Алборг.
Еден од најголемите успеси со репрезентацијата на Шведска му е освоеното сребро на Олимписките игри во Лондон (2012).