Шпанскиот селектор ќе и биде тренер на Ристовска

Шпанскиот стратег Амброш Мартин би можел ова лето да го преземе амбициозниот романски тим Рапид Букурешт.

Според пишувањата на „Фанатик“, раководството на тимот каде што ќе игра македонската репрезентативка Сара Ристовска, ќе го убеди Мартин да се врати на клупскиот ракомет.

Шпанскиот селектор беше во Романија од 2016 до 2019, но го водеше националниот тим, а на клупско ниво работеше во Ѓер од 2012 до 2018 и потоа од 2021 до 2023 година, додека беше и во Ростов Дон.

Досегашниот стратег на Рапид Букурешт, Давид Гинеста, би требало да биде дел од стручниот штаб на Мартин.