Денеска продолжија пријателските натпревари на селекциите што се подготвуваат за настап на Олимписките игри.
Шпанија едвај славеше над Ангола со 22-21, иако беше во негатива од 21-20 на пет минути до крајот на мечот.
Сепак капитенот Лара Гонзалез се потруди да не има изненадување на овој натпревар и селекцијата на Амброш Мартин да слави.
Унгарија немаше проблеми и ја победи селекцијата на Словенија на гостински терен убедливо со десет гола разлика, 31-21.