Шок за Романија: Неагу може да го пропушти Мундијалот?

Една од најдобрите ракометарки на светот, репрезентативката на Романија, Кристина Неагу, можеби нема да игра на Светското првенство 2023, кое ќе започне на 29 ноември.

Неагу на 18 ноември во натпревар од Лигата на шампионите го повреди коленото и не настапи на турнир „Карпати куп“ на кој нејзината репрезентација имаше неколку тест натпревари.

Селекторот на Романија, Флорентин Пера, на местото на Неагу веќе ја повикал ракометарката на Слатина, Диана Ликсандроу.

Утре би требало да се знае дали членката на ЧСМ Буурешт ќе настапи на Светското првенство.

Романија на Мундијалот ќе игра во група заедно со репрезентациите на Данска, Србија и Чиле.