Шок за Барса – заврши ерата на Де Варгас во „Блауграна“!

Kаталонскиот гигант Барселона во следниот период ќе биде без голманот Гонзало Перез Де Варгас.

Шпанскиот репрезентативец се повреди на мечот со Бидасоа и мораше да биде изнесен на рацете на соиграчите од теренот и потоа беше заменет со младиот Шариќ.

„Де Варгас ги повреди лигаментите на левото колено. Тој ќе биде подложен на дополнителни прегледи за да се утврди должината на паузата“, објавија од Барселона.

Сепак прогнозите не се оптимистички и многу веројатно сезоната за Де Варгас е завршена, а тоа ќе биде голем удар за Барса, особено што и Емил Нилсен имаше мала повреда.

Ако се потврди лошата дијагноза, тоа значи дека Де Варгас го одигра својот последен натпревар за Барселона, бидејќи од лето треба да го брани голот на Кил.

По поразот од Алборг во ЛШ ова е уште една лоша вест за каталонскиот гигант, а Де Варгас се приклучува на листата повредени на која се уште Гаљего, Паломино, Цикуша и Валера.