Екипата на Голден Арт, која не успеа да обезбеди опстанок во суперлигашката конкуренција, се раздели со неколку ракометари.
Покрај капитенот Давид Даев, кој поради здравствени причини ја заврши играчката кариера, својот престој во Голден Арт го завршија уште двајца ракометари.
Тимот на „градежниците“ го напуштија десното крило Мице Шилегов и десниот бек Дејан Гошевски, кои од лето ќе имаат нови предизвици во кариерите.
Веќе неколку македонски клубови пријавија интерес за нивните услуги, па во следниот период би требало да се знаат нивните нови ангажмани.
Голден Арт не успеа да го задржи суперлигашкиот статус и во следната сезона ќе биде дел од Првата лига.