Jesper JENSEN (coach), SF1 - France vs. Denmark, Women's EHF EURO 2024, Austria, Hungary, Switzerland, 13.12.2024, Mandatory Credit © Eva Manhart / kolektiff

Селекторот на Данска го презема Ференцварош?

Селекторот на женската репрезентација на Данска, Јеспер Јенсен, би можел да го преземе кормилото на унгарскиот Ференцварош, пренесуваат данските медиуми.

Јенсен го водеше Есбјерг седум години, додека не го напушти клубот ова лето за целосно да се посвети на работата како селектор на Данска и моментално е без клупски ангажман.

Младиот стратег селекторската функција ја извршува речиси пет години – од март 2020 година, а на последните две Европски првенства заедно со своите избранички го освоија сребрениот медал.

На Олимписките игри во Париз имаа забележителен настап и стигнаа до висок пласман, односно завршија како третопласирани на најголемата спортска манифестација.

Под негово водство Данска освои бронзен медал на Мундијалите во 2021 и 2023 година. Договорот на Јенсен со ракометната куќа на Данска е до 2026 година, а доколку направи трансфер во Ференцварош, тогаш клупата на познатиот клуб ќе ја преземе од тренерската палка на неговиот сонародник Алан Педерсен.

Во тимот на Ференцварош настапуваат двете екс членки на поранешниот македонски шампион Вардар, Андреа Лекиќ и Драгана Цвијиќ.